Sunday, December 10, 2023
домаЖИВОТИЗНЕНАДЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ДЕЧИЊА СО ДОМАШНИ, МАЛЕЧКИ И ВКУСНИ ПРАЛИНИ КОИ ЌЕ...

ИЗНЕНАДЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ДЕЧИЊА СО ДОМАШНИ, МАЛЕЧКИ И ВКУСНИ ПРАЛИНИ КОИ ЌЕ ГИ ОБОЖАВААТ

Пралините се секогаш сладок предизвик за целото семејство посебно за најмалечките во семејството. Малечки , вкусни топчиња на кои не можете да одолеете. Изненадете ги вашите најблиски со овој сладок десерт.

Потребни состојки:

  • 250 грама чоколадо
  • 2 лажици масло
  • 1 лист желатин
  • 34 бисквити
  • 150 грама маскарпоне
  • 40 грама шеќер во прав
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 100 грама слатка павлака

На пареа стопете го чоколадото заедно со маслото и потоа премачкајте 25 калапи за пралини и оставете ги да се изладат. Остатокот од стопеното чоколадо оставете го за премачкување на пралините.

Ставете го желатинот во вода за да набабри, а бисквитите искршете ги на мали парчиња, натопете ги во кафето и ставете ги во корпите.

Измешајте го маскарпонето со ванилин шеќер и со шеќер во прав, а павлаката измешајте ја додека да стане шлаг.

На набабрениот желатин додајте му две лажици павлака и загрејте го за да се растопи. Потоа, во смесата додајте ги маскарпонето и шлагот и мешајте.

Корпите со бисквити наполнете ги со крем, ставете ги во фрижидер за да се изладат, а потоа прелијте ги пралините со слој чоколадо. Постојано чувајте ги во фрижидер.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

последно додадени

последно коментирани