Saturday, December 2, 2023
домаВЕСТИДенес променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Денес променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно. На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20л/м2), силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Температурата,на воздухот особено на северот, осетно ќе се намали.

Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 23 степени.

Локална нестабилност ќе има и во недела, а од понеделник до среда следува стабилно време со значителен пораст на дневната температура.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

последно додадени

последно коментирани