Sunday, December 10, 2023
домаВЕСТИВМРО-ДПМНЕ: Македонија надмина 7000 заболени и 340 починати, а СДСМ се...

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија надмина 7000 заболени и 340 починати, а СДСМ се занимава одење по митинзи и држење политички говори

Филипче прогнозираше 2000, а Македонија за жал ја надмина бројката од 7000 заболени. Тоа е резултат на неодговорноста и неспособноста на оваа власт на Заев. Филипче наместо да биде посветен на здравјето и животите на граѓаните се занимаваше со снимање спорови за СДСМ, одење по митинзи и држење политички говори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во последното деноноќие во Македонија има пак трицифрена бројка на заболени луѓе од корона вирусот, односно новозаболени се 115 лица, а починати се 7. Со вие бројки и бројот на починати се искачи на 341. Македонија за жал е црн рекордер во регионот по број на заразени и починати на еден милион жители.

Вирусот наречен Заев го разори системот и ја клекна на нозе државата. Затоа сме на ова дереџе на кое што сме. Заев овие три години беше посветен на создавање на криминални, корупциски и рекетарски шеми. Патем видовме сведоштво дека подземјето било ангажирано од страна на кланот Заеви за да се заканува, да пали возила и да рекетира од сите оние кои не припаѓаат на кланот Заеви. Јавноста веќе слушна дека сите изрекетирани пари во државата завршиле кај Вице и Зоран заеви.

Тоа мора да престане. Изборите се шанса Заев да замине во црната историја на македонија.

СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

последно додадени

последно коментирани