ВИДЕО:По тешките смени во болниците каде ги лекуваат пациентите заразени од Ковид-19, медицинска сестра им свири на пациентите на виолина

После тешките смени во болниците каде ги лекуваат пациентите заразени од Ковид-19, медицинска сестра им свири на пациентите на виолина. Пациентите велат дека со тоа им носи надеж и верба.

Дамарис Силва која има 26 години, на своите пациенти им свири на виолина, за кратко да им го тргне паметот од болеста, како и да не им е досадно или пак лошо и да не мислат на домот и своите семејства.

Сепак, медицинската сестра од Сантијаго, Чиле со својата виолина ги расположува пациентите со својата виолина и им свири познати латиноамерикански песни.

Со виолината оваа млада медицинска сеста, се шета низ ходникот и така ги поздравува болните, кои и возвраќаат со аплауз и насмевки.

–Мојата цел е да им го разубавам денот на пациентите, да ги потсетам на љубов, надеж и верба во Господ. Кога свирам тоа го правам од срце, кажа Силва.

Слушнете ги нејзините песни:

https://youtu.be/vygxT_s3RlE

Постави одговор

Your email address will not be published.