САКАТЕ ВО ЕУ? Тогаш прифатете дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот и дека Илинденското востание и Гоце Делчев се само бугарски!
Сакам да појаснам дека Бугарија има три јасни барања по прашањето на Pепублика Mакедонија. Почитување на рамковната позиција што ја усвои бугарскиот Парламент, вклучување на Бугарите во Уставот на Македонија за да се заштитат нивните права, и трето, да се спроведе Договорот за добрососедство, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков по средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
„Едноставно и јасно. Тоа беа нашите разговори со еврокомесарот, и претходно и сега, за што му благодарам“, рече Петков.
Вархеји, пак, како што пренесува БГНЕС, оцени дека се уште нема решение за спорот и оти тоа е многу фрустрирачко за ЕУ, бидејќи не може да продолжи пристапниот процес.
„Сè уште ја чекам поддршката од Бугарија и на тоа работиме со сите овие разговори што ги водев овде во Софија, а редовно и во Скопје, конечно да се разјасни и зајакне европската перспектива за Република Македонија. Би сакале да видиме договорот да биде постигнат во јуни, затоа утрово се среќавам со премиерот и со министерот за надворешни работи, а ќе се сретнам и со претседателот“, додаде Вархеји.
Еве што има во рамковната позиција
Во неа се бараат конкретни резултати на заедничката комисија во одно на заедничката историја до 1944 година вклучително и договор за Гоце Делчев ВМОРО-ВМРО и Илинденско-Преображенското востание, отстранување на спорните плочи и заедничко славање на настани и личности.
Се бара усогласување на учебниците по историја и текстовите за случувањата во 19-от и 20-от век да се презенитираат на јазичната норма на која се оригинално напишани.
Од Македонија се бара и „да ги информира земјите-членки на Обединетите нации придружувањето кон амадманите на Уставот во согласност со Договорот од Преспа ќе се спроведува паралелно со со строго придржување на Договорот со Бугарија во целост, вклучително и и во однос на јазичната клаузула на договорот“.
За јазикот бараат да се употребува фразата службен јазик на „Република Македонија“. Во случај на апсолутна потреба на користење на терминот македонски јазик во документите и позициите на ЕУ секојпат да се додаде фусноста дека е во согласност на Уставот на Република Македонија. Треба да се наведе дека јазичната норма која е наведена како уставен јазик во Република Македонија е поврзана со еволуцијата на бугарскиот јазик и неговите дијалекти во поранешната југословенска република по нивната кодификација во 1944 година. Ниту еден документ не смее да смета за признавање на бугарската страна на постоење на т.н македонски јазик како различен од бугарскиот.
Од Македонија се бара и да се откаже од поддршка за постоње на македонско малцинство во Бугарија па дури и да побара од Советот на Европа да не дава нивна поддршка.
Од медиумите се бара во никаков лош контекст да не се споменува Бугарија и лицата кои се самоидентификуваат како Бугари.