674 нови случаи со Ковид-19, 21 починато лице

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.156 тестови, а регистрирани се 674 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 352, Битола – 44, Велес – 33, Прилеп – 31, Кавадарци – 27, Куманово – 22, Гевгелија – 21, Кичево – 17, Струмица – 16, Тетово и Гостивар – по 12, Охрид – 11, Неготино – 10, Ресен – 9, Радовиш – 8, Штип – 6, Кочани, Струга, Свети Николе , Валандово и Крушево – по 5, Македонски Брод и Демир Капија – по 3, Крива Паланка, Делчево, Берово , Дебар и Богданци – по 2, Кратово и Демир Хисар – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (674), регистрирани се 98 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 12 починати лица: 5 починати лица од Скопје (55г, 66г,74г, 74г и 78г), 2 починати лица од Тетово (69г и 78г) и по едно починато лице од Прилеп (88г), Охрид (88г), Струга (75г), Битола (85г) и Кочани (74г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 9 починати лица од: Скопје (2), Крива Паланка (3), Битола (1), Тетово (1), Струга (1), и Пробиштип (1). Починатите лица се на возраст од 48г. до 92г. Лицата за починати се пријавени во период од 31.01. до 20.02.2022. Од починатите лица, 5 се починати во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 20 лице се регистрирани коморбидитети.