5 милиони евра за нови возила за министрите, а зголемени цени за граѓаните. Премногу е!

Власта на СДСМ и ДУИ безмилосно ги троши народните пари во услови кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Во периодот од 2018-2021 година Владата потрошила пет милиони евра за изнајмување возила по пат на т.н. оперативен лизинг. Владата потрошила 5 милиони евра во време на кризи, кога бара од граѓаните да штедат и да го стегаат ременот.

Во исто време Владата не ги продолжува мерките за спречување на енормното поскапување на горивата и основните производи за граѓаните, со цел да собере што е можно повеќе данок кој потоа ќе го троши на сопствено луксузирање.

Паѓа во вода објаснувањето на властите дека нема пари за повисоки плати и смалени акцизи, бидејќи гледаме дека пари има, ама се трошат на луксузни возила, но и на нов мебел, цвеќиња и хотелски услуги.

Ова е лицемерието на владата.

За да има владата за нови возила 5 милиони евра, граѓаните плаќаат поскапи горива, поскапа струја и двојно поскапени основни производи.

Премногу е! Оваа ненародна, распашана и криминогена власт манипулира со граѓаните и ги турка во сиромаштија за да може функционерите да се богатат и да трошат на луксуз.  Ова мора да престане. Затоа граѓаните на 18-ти јуни ќе излезе масовно на голем сенароден протест за промени.

Постави одговор

Your email address will not be published.