Судијата кој пресуди две години затвор за прегазената девојка во Тетово, сам со пречкртување си ги поправал оценките
Во Основниот суд во Тетово, за случај на прегазување на девојка, судијата Ељведин Ферати изрече казна од само две години затвор со што предизвика жестоки реакции во јавноста поради фактот што на претходното судење обвинетиот доби 3,5 години затвор.
Сомнежи во интегритетот на судијата се појавија откако медиумите како „сдк.мк“ потсетија дека Ферати додека бил дел од Универзитетот во Тетово, наводно си ги поправал оцените со пречкртување.
Минатата година во септември беше отворена и предистрага откако Државниот просветен инспекторат утврди дека си ги поправил оценките по право на Тетовскиот државен универзитет, со пречкртување. Предистрагата ја води Скопското јавно обвинителство.
Случајот го откри Антикорупциската комисија лани во декември, во рамки на големата ревизија со која се пребројуваа факултети и дипломирани студенти на кои им биле давани дипломи со недоволен број кредити.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.