Почина уште еден пациент кој беше на лекување во Литванија, 61. жртва на пожарот во кочанската дискотека
Почина уште еден пациент кој бил на лекување во Литванија.
Тој е 61-вата жртва која им подлегна на повредите здобиени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16- март.
Повеќе детали наскоро се очекува да соопшти министерот за здравство Арбен Таравари.
Во петокот, на тешките повреди здобиени во пожарот во „Пулс“ им подлегна и Александар Карадакоски. Тој исто така се лекуваше во Литванија и беше најкритичен пациент.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.