Планинар од Скопје поради лошите временски услови изгубил ориентација на Кожуф, за брзо е пронајден

Ефикасно и брзо е пронајдено залутано лице кај Мрежичко на Кожуф, информираат од Центарот за управување со кризи.

Во 13:15 часот денеска на бројот за итни случаи 112 во ЦУК, добиена била пријава за залутано лице на планината Кожуф, во близина на селото Мрежичко.

„Лицето било планинар од Скопје, кое претходната ноќ ја преспало во планината. Поради лошите временски услови и наросувањето од снег, загубило ориентација и решило да побара помош од службите“, велат од ЦУК.

Надлежните веднаш биле информирани.

„Од страна на Центарот за управување со кризи беа известени СВР Велес, ОВР Кавадарци, Гранична Полиција „ЈУГ“ Итна Служба, како и Општина Кавадарци и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Во 14.00 часот, лице од општината во Кавадарци кое го познавало теренот, стапило во контакт со залутаното лице и по кратко време го пронашол и со теренско возило го однел до безбедна куќарка во близината каде што бил згрижен, Потоа од страна на граничната полиција “ЈУГ“ лицето е транспортирано до градот“, стои во известувањето.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK