ЕУРОПОЛ: Македонска СМЕДЕРЕВКА купена 30 ДЕНАРИ продавана како ФРАНЦУСКО БУРГУНДСКО вино за 250 ЕВРА ЛИТАР!
Според обвинителството, тие купиле готово вино од винарската визба „Газда Ѓоко“ од Мрзенци, дополнително го одлежувале во барик буриња за да развијат специфичен француски карактер, а потоа го пласирале како Шардоне под етикетите на познатите винарии од Бургундија.
Брзиот скок на цените на врвните вина од Бургундија, на кој сме сведоци во последните неколку години, се чини дека засега претставува незапирлив тренд и покрај винската криза во Европа и падот на продажбата на вината од другите историски региони. Зголемената побарувачка за вина од Бургундија почна да води кон нелегални практики, како што пренесуваат француските медиуми. Некои винари од Бургундија, поточно од Шабли и Монтраше, наместо вино од нивните апелации, шишињата ги наполниле со македонска смедеревка.
Како што покажа истрагата што ја спровеле заеднички локалните агенции за спроведување на законот во соработка со Европол, мрежата на фалсификатори на вина кои увезувале вина од Балканот броела најмалку седум лица. Според обвинителството, тие купиле готово вино од винарската визба „Газда Ѓоко“ од Мрзенци, дополнително го одлежувале во барик буриња за да развијат специфичен француски карактер, а потоа го пласирале како Шардоне под етикетите на познатите винарии од Бургундија.
Францускиот енолог Теле Репомаш, кој работи за една од винариите чии сопственици се обвинети за фалсификување бургундецот со заштитено географско потекло, застана во одбрана на својот работодавец и во исто време им даде голем комплимент на вината од Македонија: Едноставно, немаме доволно вино, и никој не се занимава со тој проблем! Сфативме дека смедеревката од Македонија може да биде одлична алтернатива кога ја пробавме во локално балканско бистро на пат кон Грција. Па, тоа е феноменално, тие имаат многу камени тероари, соленоста и минералноста се неверојатни. Како да одолееме, особено по таа цена – прашува Репомаше.
Енологот додаде дека се шокирал кога видел дека Балканците ги пијат овие вина измешани со газирана вода и тоа, како што рече, со некаква плескавица печена на јаглен.
Според француските медиуми, сопственикот на винарија во Македонија, како што покажуваат сите докази, целосно не бил свесен за идната намена на неговите вина.
– Да, се шокирав кога слушнав дека нашата смедеревка се продава за повеќе од 250 евра по шише. Па, ние го продадовме тоа вино за 50 евроценти – искрен е Ѓоко Трпески, сопственикот на винаријата во центарот на овој голем скандал што на неочекуван начин ги поврза винарите од Франција и Македонија.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.