Возач и малолетничка повредени откако синоќа автомобил излета во Вардар кај Челопек

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово

Тетовец и малолетничка се телесно повредени откако автомобил синоќа излета во водите на Вардар во тетовско.

Од полицијата информираат дека случајот е пријавен во 19:40 часот, дека на локалниот пат за село Челопек, кај мостот на река Вардар, патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(39) од Тетово, излетало во реката.

-Притоа со телесни повреди се здобиле возачот и една малолетна сопатничка, констатирани во Клиничката болница Тетово, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Фото: ТВ 21

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK