Александар: Давам исказ само заради Вања и Миња, не можам да ги гледам тие што ја грабале во вреќи и ја трескале по гепеци
Психички не знам колку сум подготвен, но сакам да дадам исказ. Заради Вања. Во текот на истрагата и тука во судницата беа изнесени невистини. И поради Миња, на која сакам да ѝ порачам дека тато е истиот човек од четврти декември и сум претстсвуван во екстремно спротивно светло. Решив да ги потиснам емоциите и да го дадам овој исказ за сите што ме познаваат – немам никаква инвловираност со овие луѓе кои не чувстуваат ниту вина ниту покајание ниту разочарние од т. н цар, рече во обраќањето Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кој на денешното рочиште за нејзиното убиство го дава својот исказ како осомничен.
Слушав како ја грабале во вреќи, ја трескале по гепеци и сакале да ги замачкаат трагите како со Панче. Сметам дека дадов голем придонес во истрагата во која учесници беа Гоце Трајковски и полицајците од Сејф сити. Не забележав дека кај нив има покајание и не верувам дека ќе престанеа со убиствата. Не ги познавам ниту пак сега можам да ги гледам. Замижани ми се очите. Имам слушнато за објектот Тифани во чија близина живеам и тогаш слушнал но не за Палевски туку за Упа. Го немам запознаено. Зорица со родителите живееше во т. н зграда на Упа, иако сите знаевме дека е изградена од Страшо од Гранит, рече меѓудругото Александар.
Сведочењето на Алксандар е во тек.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.