Најмалку седум цивили се повредени кога јужнокорејски борбен авион по грешка фрлил бомби за време на вежба, соопшти јужнокорејската војска.
„Авионот КФ-16 по грешка исфрли осум бомби МК-82 кои експлодираа надвор од предвидениот периметар“, се вели во соопштението.
Инцидентот се случил утринава околу 10 часот по локално време, во Почеон, на северот на Јужна Кореја и на околу 25 километри јужно од демаркационата линија со Северна Кореја.
Таа за агенцијата Јонхап изјави дека денеска Јужна Кореја спроведува „вежби со Соединетите Американски Држави во Почеон“.
Јонхап наведува дека четири лица се тешко повредени, а тројца полесно, како и дека е причинета материјална штета.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.