Собрани над 51 милион денари за настраданитте во Кочани – Црвениот крст со благодарност до сите донатори, семејствата на настраданите ќе ги добијат од понеделник
Досега се собрани 51.822.579 денари за поддршка на настраданите од пожарот во Кочани и нивните семејства, соопшти денеска Црвениот крст.
Од организацијата информираат дека се во фаза на подготовка за првична исплата на собраните средства, кои ќе бидат наменети за најитните потреби на погодените граѓани.
„Секој придонес е важен. Ги повикуваме граѓаните, компаниите и институциите и понатаму да ја покажат својата хуманост и солидарност кон оние кои се соочуваат со најтешките моменти. Упатуваме голема благодарност до сите кои досега донираа“, велат од Црвениот крст.
Хуманитарната акција продолжува, а сите заинтересирани можат да донираат преку жиро-сметката на Црвениот крст или со испраќање СМС порака на бројот за донации.
За секој настрадан ќе биде исплатена сума од 150.000 денари како итна финансиска помош за покривање на почетните секојдневни трошоци. Оваа помош ќе се реализира преку Црвениот крст на Република Македонија
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.