МВР официјално потврди: 51 лице загина во пожарот во Кочани и над 100 се повредени
Искри од пиротехника кој се употребувале за светлосен ефект се причина за трагедијата во Кочани.
Искри од пиротехника кои се употребувале за светлосен ефект се причина за трагедијата во Кочани, потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тој официјално потврди дека до сега има 51 загинато лице и над 100 повредени.
Министерот вели дека се приведени лица, со кои се одвива разговор за причините за пожарот.
Ќе се утврди одговорност, со име и презиме, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
-Сакам да ја уверам македонската јавност дека во овој случај ќе се утврди одговорност точна со име и презиме, рече Тошковски и замоли за разбирање во овие тешки момети.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.