Дали пасијата на СДС за полемики за авиосообраќајот потекнува од приказните за авиокомпанијата на нивниот неформален лидер Заев?

„Чудна е пасијата на СДС да води полемика за авиосообраќајот и да спомнува авиолетови.

Можеби таа пасија доаѓа од приказните дека нивниот идеолошки гуру, Зоран Заев, до скоро поседувал акции во една индиска авио компанија која пред кусо време беше продадена, а чии акции можеби сè уште постојат во една од постојните авиокомпании.

Ако ова е точно, добро е СДС да си провери чија била сопственоста и како нивниот сè уште неформален лидер стасал до авиокомпанија во Индија?

Каква пак е поврзаноста на Венко Филипче со овој случај?

И како Заеви од просечно земјоделско семејство стасаа до сопствеништво на авиокомпании?

Од СДС нека си проверат, и нека одговорат, ќе ги почекеме. Институциите не треба да чекаат. Сигурно работат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK