Андреј и Сара ќе бидат погребани утре во Скопје

Членовите на бендот ДНК Сара Пројковска и Андреј Ѓоргиевски, кои животот го загубија во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе бидат погребани утре во Скопје.

– Погребот на нашата драга и сакана, непребол, вонреден професор м-р Сара Пројковска ќе биде утре, 20.3.2025, четврток, на гробиштата во Горно Лисиче. Телото ќе биде изложено во црквата Св. Петар и Павле во Горно Лисиче од 12 часот – информираа од Факултетот за музичка уметност – Скопје.

Од семејството на Андреј, кој беше дел од „ДНК“, соопштија дека погребот ќе биде утре, на гробиштата Бутел, во Скопје.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK