Осудителна пресуда против негувателка од Велес која им давала електронски цигари на деца

Надлежниот јавен обвинител поднесе жалба на пресудата поради одлуката за кривичната санкција.

Постапувајќи по поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Велес, Основниот суд во Велес донесе првостепена пресуда против негователката во градинка – Злоупотреба на службената положба и овластување 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Вработената е огласена за виновна бидејќи на децата им давала да пробаат електронска цигара и Судот и изрече условна осуда, како и споредна казна забрана за вршење професија дејност или должност во траење од 5 години по правосилноста на пресудата. Надлежниот јавен обвинител поднесе жалба на пресудата поради одлуката за кривичната санкција.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.