ДУИ „крајно загрижена“: Се вработувале „НЕАЛБАНЦИ“ на клучни позиции

„Време е за мудра и брза акција, за да се спречи враќањето на практиките од минатото кои произведоа само поделби, несигурност и дестабилизација.“ стои во соопштението на крајно загрижената ДУИ, која во министерството за политички систем на Артан Груби вработи 95 насто Албанци, но не било кои туку Албанци од ДУИ, луѓе кои се пријавуваа како Македонци и Роми за да земат државна плата, стотици не ни идејќи на работа, а двесетина и со престој во странство.

„Со длабока загриженост и целосна одговорност за стабилноста на државата и регионалната безбедност, јавно го осудуваме невиденото етничко исклучување што се случува во безбедносните и разузнавачките структури во Македонија.“ Ова се истакнува во соопштението на ДУИ, партијата која 20 години беше на власт и која секојдневно излегува на виделина како ја практикуваше, сега тешко се снаоѓа како опозиција и во секој сегмент бара простор за проблематизирање и поттикнување на незадоволство кај нејзините симпатизери.

„Ова масовно исклучување не е само чин на дискриминација против заедница што претставува столб на внатрешната и евроатлантската стабилност на државата.

Време е за мудра и брза акција, за да се спречи враќањето на практиките од минатото кои произведоа само поделби, несигурност и дестабилизација.“ стои во соопштението на крајно загрижената ДУИ, која во министерството за политички систем на Артан Груби вработи 95 насто Албанци, но не било кои туку Албанци од ДУИ, луѓе кои се пријавуваа како Македонци и Роми за да земат државна плата, стотици не ни идејќи на работа, а двесетина и со престој во странство.

Не објаснија, што ДУИ подразбираат под „Време е за мудра и брза акција…“, зарем, не им беа доволни шлаканиците од амбасадорката Агелер и меѓународната заедница, пак ли ќе ги симнуваат чизмите од таванот, подрумот ли, се прашуваат македонските граѓани, фаќајќи притоа и силен сеир на партијата која поцрне по листи и чие членство во редици чека пред вратите на ВРЕДИ.

Не одговорија каде ее Груби и дали Ахмети катадневно е на жешка линија со него, како што тврди Меџити.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.