Владата го задолжи министерство за правда да ја почне процедурата за разрешување на државниот јавен обвинител
Разочарувањето на Владата од постапувањето надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира, а секојдневното продолжување со ваквите состојби, резултира со нарушена доверба и нефункционирањето на правната држава, истакна владината портпаролка Марија Митева.
Владата на денешната седница го задолжи Министерството за правда да превземе активности за поведување на постапка за разрешување на државниот јавен обвинител.
-Разочарувањето на Владата од постапувањето надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира, а секојдневното продолжување со ваквите состојби, резултира со нарушена доверба и нефункционирањето на правната држава, истакна владината портпаролка Марија Митева.
Таа образложи под кои аргументи беше донесена ваквата одлука:
-Најпрво се отвори расправата за последниот индекс на транспарентност кој беше објавен денес и од каде детално можеше да се види дека конкретно четири точки се однесуваат на состојбите кои се случиле во обвинителството и судството.Дополнително, последното именување на ВД шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје е одлука која е незаконска, односно надвор од одредбите пропишани во законот за јавното обвинителство, рече Митева.
Љупчо Коцевски беше избран за републички јавен обвинител пред една година.
Премиерот Христијан Мицкоски досега повеќе пати го обвини Јавното обвинителство дека не си ја работи работата и дека кога органите на прогон требало да преземат мерки за гонење на некој функционер, обвинителите добивале дијареа и висока температура. Премиерот неодамна рече и дека имаат мнозинство во Собранието да го сменат обвинителот Коцевски.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.