13- годишно дете ќе остане со инвалидитет по повреда на раката од петарда синоќа
Тринаесетгодишно дете со тешка повреда на раката од петарда за време на новогодишната ноќ е примено на Ургентниот центар на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување (ТОАРИЛУЦ). На детето на Детската клиника му е извршена операција, но како што кажа д-р Игор Мерџаноски, ќе остане со инвалидитет на раката.
Направени се 35 прегледи од кои кај 9 лица од сообраќајки со лесни телесни повреди и тие пациенти се пуштени на домашно лекување. Имаме двајца пациенти од физички напад, едниот е задржан на опсервација и во текот на денов ќе биде пуштен дома, како и 13.годишно дете со тешка повреда на раката од петарда, кое веќе е оперирано на Детската клиника за хирургија и најверојатно ќе биде со инвалидитет на раката. Примен е и еден странски државјанин во алкохолизирана состојба со повреда на носот и главата, згрижен е и пуштен е на домашно лекување – изјави Мерџановски.
На ТОАРИЛУЦ биле примени 35 пациенти, девет се од сообраќајни несреќи но со лесни повреди, а две лица од физички пресметки.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.