Ученик во шесто одделение во Прилеп тешко повреден по пад од трет кат во училиште

11-годишен ученик е тешко повреден откако паднал од прозорец од трет кат во ООУ “Гоце Делчев” Прилеп.

Ученикот со тешки телесни повреди е примен во прилепската болница “Борка Талески”, каде е констатирано дека се здобил со скршеници на коската од петицата, како и скршеници на пршлените, пренесе Маркукуле.

Поради сериозноста на повредите, детето е итно префрлено на клиниката за детска хирургија во Скопје.

Неофицијално, несреќата се случила во втората смена на големиот одмор кога сите ученици биле излезени во дворот.

Детали за настанот се очекуваат од МВР.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.