Во 2025 година прво, па машко
На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот се роди првото бебе во Македонија.
– Се роди здраво машко бебе, тешко 3190 грама и долго 50 сантиметри, информираат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Мајката на новороденчето е Сања Талевски.
– На принцот му посакуваме силно здравје и среќни детски дни, реализирани сни и куп детски палавости што впрочем зборува за големи детски радости, се вели во полноќната објава од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.