Љутков најави нов проект за Тоше Проески: Ќе бидат снимени филм, документарец и серија за нашата музичка легенда
Министерот за култура Зоран Љутков најави проект посветен на животот и делото на македонскиот Тоше Проески, којшто ќе се реализира во следните две години.
Ќе бидат снимени игран филм, документарец и телевизиска серија во неколку продолженија, кои ќе ги прослават неговите живот, дело и мисија.
Тоше не беше само музичка икона за Македонија, туку и за целиот Балкан, и овој проект ќе има големо регионално значење“, вели Љутков.
Носител на проектот е Македонската радио-телевизија, копродукциски ќе бидат вклучени неколку национални телевизии од Балканот а финансиските средства ќе бидат обезбедени од буџетот на Македонија преку Министерството за дигитализација.
Согласноста од семејството на Тоше е потврдена и ние сме подготвени да ја разоткриеме неговата приказна“, напиша министерот за култура.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.