Полиција влезе во Судски совет по налог на ОЈО

Полициски службеници по Наредба на ОЈО Скопје во моментот постапуваат во Судски совет, односно се обезбедуваат два записници за да се проверат евентуални елементи на кривично дело.

Полициски службеници по Наредба на ОЈО Скопје постапуваат во Судски совет, односно се обезбедуваат два записници за да се проверат евентуални елементи на кривично дело, ни одговорија од МВР за Телма.

Нредбата ја побарало МВР за да собере докази за евентуално криивчно дело.

Премиерот Христијан Мицкоски на 28 ноември од собраниската говорница, одговарајќи на пратенички прашања, рече дека континуирано добива информации за тоа што се случува во Судскиот совет.

„Таму има еден клан од двајца, еден од тројца, една е сама, добивам документи од свиркачи за фалсификувани записници со различни дати, различни печати, без потписи. И ако тоа не е основа за јавниот обвинител да влезе и да провери, не знам кој глас треба да допре до Обвинителството за да постапи, посочи Мицкоски.

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева на 2 декември поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на Советот, кој сега останува да функционира без претседател, откако изборот за нов претседател беше одложен.

Дамева, како причина за оставката, го наведе „немањето слух кај извршната и законодавната власт да се обезбеди брза и ефикасна правда, како и обидите за нарушување на нејзиниот интегритет од страна на високи функционери од власта“.

 

 

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.