Падна пресудата за ,,Беса Транс”, случајот се враќа на повторно судење
Првостепената пресуда за случајот ,,Беса Транс” падна на Апелација, поради што судењето повторно ќе почне од почеток во Кривичниот суд.
Информацијата за ,,Фокус” ја потврдија од Апелација, од каде што додаваат дека одлуката во текот на денот ќе биде јавно објавена, по што ќе може јавноста да се запознае со причините за укинувањето на првостепената пресуда.
Судијата Ивица Стефановски кој го водеше случајот, во март годинава ја објави пресудата во Основниот кривичен суд Скопје, и наведе дека обвинетите Беким Хаџиу и правното лице „Беса Транс“ се виновни затоа што обвинетиот, како управител на правно лице „Беса Транс“ во повеќе наврати употребил како вистинска лажна јавна исправа, извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај, која што воопшто не била издадена од страна на Министерство за транспорт и врски за тој автобус.
Првостепеното судење за овој случај започна на 15 ноември 2022 година.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.