Мицкоски: Она што можам да го ветам е дека жестоко ќе работиме како Влада, напорно и чесно за да покажеме дека можело да биде и поинаку
И нормално борбата против криминалот и корупцијата, зашто само така можеме да ја вратиме надежта кај народот дека ќе не биде, се останато е гола политика и празна политика и тоа не носи додадена вредност, истакна Мицкоски.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски присуствуваше на поставување на камен темелник на изградба на трговски центар во Општина Гевгелија.
Тој одговараше на новинарски прашања за рејтингот кој е 5 пати повисок од опозицискиот лидер Венко Филипче.
-ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија и коалицијата, но и самата Влада што ја предводам, навистина прави се што може во овој момент да испорача резултати, да покажеме дека не сме исти, како другите.
-И нормално покрај оние другите, кој што сеуште добиваат одредена помош од страна на некои од опозиционите политичари, инструктори. Јавноста е објективна и таа преку ваков тип на јавно мерење кажува реално какви се состојбите во државата, додаде Мицкоски.
Дали сум задоволен, ако го поставуваме тоа прашање, сум задоволен, и секогаш може подобро, ќе работиме жестоко, немаме друг избор, мораме работите а ги гледаме онакви какви што се и да нудиме решенија за работите онакви какви што се.
-Многу пати сум зборувал во минатото, првичната наша цел беше да го сопреме слободниот пад, по што успеавме, ја консолидиравме состојбата, а потоа постепено да дојдеме до точка нула. Можам да кажам дека ние сеуште не сме дојдени до точка нула, се качуваме таму, очекувам на пролет да дојдеме до точка нула и потоа да почнеме да ја развиваме државата онака како што имаме намера.
-Она што можам да го ветам е дека жестоко ќе работиме како Влада, напорно ќе работиме, чесно ќе работиме за да покажеме дека можело да биде и поинаку. И нормално борбата против криминалот и корупцијата, зашто само така можеме да ја вратиме надежта кај народот дека ќе не биде, се останато е гола политика и празна политика и тоа не носи додадена вредност, истакна Мицкоски.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.