Министерството за финансии ќе контролира нерегуларности кај Боки 13 и Стефан Лазаров за нерегуларни наградни игри
Министерството за финансии објави дека в понеделник ќе спроведе контроли кај Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и инфлуенсерот Стефан Лазаров, поради сомнежи за организирање на наградни игри без соодветна дозвола. Во дописот од Министерството, кое го објави Канал 5, се нагласува дека тие немаат доставено барање за добивање согласност, ниту, пак, е издадена дозвола за приредување на наградна игра согласно Законот за игри на среќа и забавните игри.
Во понеделник, надзорните органи од Министерството за финансии ќе извршат контроли и, доколку се утврдат нерегуларности, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законот, стои во соопштението.
Министерството дополнително укажа дека „гивавеј“ активностите, кои сè почесто се појавуваат на социјалните мрежи, не се директно регулирани со постојниот закон за игри на среќа. Затоа, се разгледуваат можности за воведување на законска регулација за ваквите активности.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.