Македонците се враќаат дома – за осум часа над 20.000 влегле на ГП Табановце

На ГП Табановце во периодот од полноќ сабота до осум часот, недела влегле 26.623 лица од кои 19.520 македонски државјани, соопшти МВР.

На граничниот премин Табановце за неполн ден влегле над 26.500 граѓани, од нив речиси 20.000 македонски државјани, информираа денеска од МВР. Македонските државјани почнаа да се враќаат дома за да ги поминат празниците со блиските.

– На ГП Табановце во периодот од полноќ сабота до осум часот, недела влегле 26.623 лица од кои 19.520 македонски државјани, соопшти МВР.

Граѓаните кои денеска се враќаа во земјава укажуваат дека се задржуваат помеѓу 20 и 30 минути за влез. Присуството на нашинците се забележува и во Куманово, зголемен е метежот и во градот. Вообичаено остануваат до завршување на празниците.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.