Дали Васко Ковачевски се откажал од македонското и побарал српско државјанство?
Поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски пред еден месец се откажал од македонско државјанство и моментално се наоѓа во една од соседните земји, објави неофицијално ТВ21.
Според нив, Ковачевски побарал српско државјанство и моментално е во Србија.
ТВ21 испратиле прашање до МВР за официјална потврда дали Ковачевски се откажал од македонско државјанство.
Денеска се спроведе акција за криминал во ЕСМ, РЕК Битола и Рек Осломеј, во која еден од осомничените е Васко Ковачевски.
Како што соопшти и премиерот Мицкоски, Ковачевски не бил во Македонија, но се работи на тоа да биде обезбеден.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.