(ВИДЕО) Масовен протест во Белград: Не сакаме распуст, сакаме правда

Илјадници луѓе излегоа на протест во Белград. На студентите им се приклучија и здравствени работници, земјоделци, актери, граѓани.

Бараат одговорност за трагедијата во Нови Сад и гонење на насилниците кои со недели провоцираат на мирните блокади.

 

 

По петнаесетминутниот молк од 16:30 до 16:45 часот, со кој им се оддаде почит на жртвите на Железничката станица во Нови Сад, селдуваше получасовна бучава.

По протестот, студентите ќе се вратат на блокадите на факултетите кои ги организираат речиси еден месец. Блокирани се над 50 факултети на четири државни универзитети, неколку ректорати и десетици средни училишта.

Секој ден во Србија студенти, ученици и граѓани застануваат по 15 минути на градските сообраќајници, со цел да им оддадат почит на жртвите од падот на бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад.

Сличен, масовен протест попладнево имаше и во Ниш.

 

 

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.