„Амбасадорот Илбер Села во Германија е недостапен, незаинтересиран и ги игнорира потребите на македонската дијаспора“ – жестоки реакции на македонците во Германија

Македонците во Германија се на мака со амбасадорот во Сојузна Република Германија Илбер Села, кој според нив, ги игнорира нивноте потреби, недостапен е и незаинтересиран за нивните проблеми.

Реакциите не стивнуваат и по изјавите на Села дека „85 % од македонците се дестабилизирачки фактор“ , нешто што е нарушување на честа и достоинството на македонскиот народ!

Освен тоа, на настан оваа година, иако биле околу 200 присутни, сите етнички македонци, освен двајца албанци, Села не отстапил и се обратил и на албански јазик, нешто што македонците го сметаат за груба провокација.

Во продолжение, статусот на Александар Бузлески, член на македонската дијаспора во Германија, кој јавно го прозива амбасадорот Села за тоа што го блокирал по упатена критика кој предизвика лавина реакции на поддршка, не само од македонците во Германија, туку и во Македонија и ширум светот.

 

,,Ме блокирал на Фејсбук актуелниот амбасадор на Република Македонија во Сојузна Република Германија (од редовите на ДУИ)”, пишува Бузлески кој појаснува за јавноста што се случува, но и го прозва амабсадорот да ги прифати критиките од Македонците во Германија:

,, (Не) Почитуван амбасадоре, г-не Села,

Време е за еднаков третман кон сите, професионалност, транспарентност и отчетност‼️‼️‼️

Позицијата на амбасадор е една од најпрестижните функции во дипломатската служба на секоја држава. Лицата што ја претставуваат Република Македонија во странство треба да бидат пример за професионалност, компетентност и интегритет. За жал, во случајот со нашиот актуелен амбасадор во Германија, сведоци сме на големо разочарување кај НАЈГОЛЕМИОТ број од МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА‼️‼️‼️

Првата и најважна забелешка е однесувањето кон критиките. Критиката е составен дел на јавната функција, а блокирањето на граѓаните кои имаат право да го изразат своето мислење на социјалните мрежи е чин што е во спротивност со демократските вредности. Наместо да се избегнуваат прашањата, неопходно е да се соочиме со нив преку дијалог и транспарентност”, пишува Бузлески.

Според Бузлески ако се изјавите автентични, тие се сериозен удар врз довербата во институцијата.

,,Амбасадорот треба да биде мост помеѓу граѓаните и државата, симбол на единството и достоинството, без разлика на етничките или политичките поделби.

Ова назначување, според многумина, беше резултат на политички калкулации, а не на компетентност. Македонската дијаспора во Германија заслужува претставник кој ќе ги штити и промовира интересите на сите граѓани, а не само на одредени политички структури.

Ги повикуваме институциите на Македонија, особено Министерството за надворешни работи на Република Македонија Ministry of Foreign Affairs of the Republic of North Macedonia , да преземат мерки и да овозможат амбасадорите да се избираат врз основа на стручност и заслуги, а не по партиска линија. Граѓаните кои живеат надвор од татковината заслужуваат отчетност и почит”, пишува Бузлески.

Според него дијаспората има право да бара отчетност поради што тој повикува на активности за подобрување на комуникацијата со македонската амбасада во Германија.

,Ги повикуваме сите засегнати граѓани да иницираат петиции, отворени дебати и институционални барања за подобрување на односите со амбасадата.

Македонија е земја со горда историја и вредности кои треба да ги претставуваат најдобрите од нас. Затоа, никогаш повеќе да не дозволиме да бидеме претставувани од личности кои не ја разбираат тежината на својата функција”, пишува Бузлески објавувајќи линк од изјава на Села кога 85% од Македонците ги прогласил за дестабилизирачки фактор.

Бузлески кој на социјалните мрежи добива поддршка од голем број Македонци во Германија објавата ја дополнува со неколку хаштази.

#оставка
#ДаНеСеПовтори
#БарамеПрофесионалци
#СтопЗаПартискиПотрчковци

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.