Пешак загина во сообраќајка кај Валандово
На местото викано „Страиште“ кај Валандово вчера околу 17:30 часот загина А.Т. (68) од селото Казандол, валандовско, отакако во него удрило товарно возило.
Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова.
Таа информираше дека товарно возило „ивеко“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(47) од село Удово, валандовско, удрило во пешакот А.Т.(68) од село Казандол, валандовско. Од здобиените повреди на местото починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Валандово.
Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од ОЈО Гевгелија и екипа на ОВР Валандово.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Comments are closed.