Мицкоски-Макрон: Оптимист сум, отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ
На маргините на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта, премиерот Христијан Мицкоски оствари, како што ја оценува, продуктивна средба со францускиот претседател, Емануел Макрон.
Отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон Европската Унија. Оптимист сум за нашата иднина, се бориме за нашите аргументи и вистината која е незаобиколива.
Ќе дадеме се од себе да ги зачуваме државните и националните интереси, порача Мицкоски.