Значаен археолошки локалитет откриен во Волино: Пронајдена златна маска на приватен имот во Охрид
Археолошки локалитет пронајден е во Охрид Волино. Во моментов местото кое е приватен имот е целосно затворен и видни археолози од земјава се на терен, пишува порталот Охрид 1.
Извори за Охрид 1 кажуваат дека е пронајдена златна маска, златници и ред други значајни пронајдоци. Археолозите се сомневаат дека кога ќе се истражи целиот потег ќе се пронајдат многу значајни предмети и се сомневаат дека има „Цел град“ под земјата.