КАТАКЛИЗМА И ВО БАРСЕЛОНА: Водата носи сè пред себе (ФОТО/ВИДЕО)

Само една недела откако катастрофалните поплави однесоа над 200 животи во Валенсија, силно невреме ја зафати Каталонија и ја поплави Барселона.

Над 800.000 луѓе се предупредени да не излегуваат надвор, училиштата се затворени и сообраќајот е запрен. Во Барселона и околината, железничкиот сообраќај беше прекинат, а имаше откажувања и одложувања на летови на авиони.

Исто така, црвена временска тревога е во сила и за цела Каталонија, објави Паис.

Аеродромот „Ел Прат“ во Барселона беше поплавен, што предизвика откажување и одложување на летовите, додека 17 беа пренасочени, а брзите возови беа прекинати меѓу каталонската престолнина и градот Тарагона.

 

 

Comments are closed.