Душата моја, мајче моја, очите мои: Трет ден ни трага ни глас од Лидија

Полицијата ја продолжува потрагата по 43-годишната Лидија Трајковска, која трет ден се води за исчезната. Семејството посочува дека е семејна жена, која немала никакви здравствени проблеми. За медиумите посочија дека била одговорна и не била конфликтна личност.

Засега ниту тие не можат ни да претпостават што се случило со Лидија. Засега до нив нема нови информации, ниту пак, полицијата соопштува нови детали. Познато е само дека освен теренска обиколка, информативни разговори, преглед на камери – пребарувано е и со дронови.

Душата моја, мајче моја, очите мои, напиша вчера нејзината ќерка Мартина Трајковска која бара било каква информација за нејзината мајка.

Семејството претходно соопшти дека Лидија излегла од дома и отишла на автобуска станица. Според нивните информации, таа била вознемирена, но не се знае од што. Нема телефон, ниту документи во неа. Сето ова се случило утрото околу 5 часот. Што се случило со неа од автобуската станица па натаму – не е познато. Носела зелен дуксер со црни шари, бели фармерки и црни чизми.

Семејството ги повикува сите граѓани кои евентуално ја забележале или имаат информации кои би помогнале да се расветли случајот, да го контактираат нив на бројот 071 345 208 или полицијата.

Comments are closed.