Собранието доби “заштитена соба“ за тајни разговори – не може да се прислушкува и снима

Државата доби „заштитена соба“ која ќе помогне и во надзорот над тајните служби. Тоа е специјална просторија обезбедена од надворешни упади и обиди за прислушување, како и од можност за протекување на доверливи информации. По 7 години од иницијалниот договор дека има потреба од ваква соба, таа конечно е завршена и пуштена во употреба.

Се работи за просторија, во состав на зградата на Собранието, градена по посебни стандарди и безбедносни протоколи. Владејачкото мнозинство и опозицијата, и во претходниот состав, а и сега, за разлика од други случаи, соработуваа за успешно заокружување на проектот.

„Со заштитената соба се создаде безбедна атмосфера и простор каде ќе се ракува со класифицирани информации од највисок степен на доверливост без ризик од протекување на информации“, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

И Оливер Спасовски од СДСМ ја поздрави одлуката.

„Заеднички да покажеме дека за нас најважно е колку повеќе ќе ги градиме демократски институциите во државата, а така ќе обезбедиме простор за јакнење на човековите слободи и права“, рече пратеникот од СДСМ Оливер Спасовски.

Целиот процес беше набљудуван, но и силно поддржан од меѓународната заедница.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.