СВИРКАЧ ЗА КАНАЛ 5: Недостасуваат пари во касата на Министерството за заедници!

До Канал 5 ТВ стигна допис во кој свиркач доставува документ за наводна неправилност во финансиското работење на Министерството за односи меѓу заедниците кое сега е раководено од Иван Стоилковиќ во кое се вели дека годинава е составена комисија за попис на парични средства во касата при Министерството кое донеодамна го раководеше Артан Груби.

Во истото се нотира дека е направен попис за три валути и тоа: денари, евра и долари, при што збирно се констатира следново:

– вкупниот долг/недостаток на ДЕНАРИ во касата во период од 2012 до 2020 год. е 426.507 ден.

– долгот/недостатокот во ДЕВИЗИ за период 2013 до 2019 год. е 27.237 евра и 98 долари.

Останува нејасно зошто нема извештаји и за другите години заклучно со последната фискална 2023 год, како и информацијата дали актуелниот министер Стоилковиќ поднел соодветен поднесок до надлежните институции.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.