Мицкоски прогласен за „србоман“ и „бугарофоб“ од бугарски медиум

Нападите во медиумите од Бугарија врз македонскиот премиер Христијан Мицкоски кулминираа во писание на тамошниот портал „Сејф њуз“, кој шефот на Владата на Република Македонија го прогласи за „србоман“ и „бугарофоб“ по неговата изјава за 800-900 македонски граѓани што се изјаснуваат како Бугари.

„Србоманот Мицкоски со ново исмевање на Македонците со бугарска самосвест.

Докажаниот србоман и бугарофобичен премиер на Република * Македонија, Христијан Мицкоски, даде нова скандалозна изјава.

Таа е насочена не само против Бугарија, туку и против неговите сонародници ‘Македонци’ кои имаат храброст да се изјаснат како Бугари.

Токму затоа што мора да бидат повеќе од храбри, релативно малкумина од нив јавно се изјаснија како Бугари. Ова се претвори во адут за лидерот на владејачката партија со бугарска кратенка – ВМРО-ДПМНЕ.

‘Мораме во преамбулата на нашиот устав да го вклучиме и незначителното бугарско малцинство. А зборуваме за неколку стотици наши граѓани, а не за неколку стотици илјади. Станува збор за околу 800-900 граѓани на мојата земја кои се дефинираат како дел од бугарската заедница’.

Ова го соопшти премиерот на * Македонија, Христијан Мицкоски.

Неговата изјава дојде за време на 20. Европски самит во Салцбург, посветен на иднината и реформите на Европската унија, пренесе БГНЕС.

‘Преамбулата на нашиот устав е описна и вели дека ова е земја на таков и таков народ. Некој во меѓународната заедница би рекол дека ова е рутинска работа што треба да ја направиме за да одиме напред. Ќе беше толку едноставно ова да беше прво вакво барање (за промена на уставот. -н.з.), но тоа е десетто по ред’, додаде Мицкоски“, пишува „Сејф њуз“.

Извор: Експрес.мк

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.