Кога шилеговача ќе прозбори…

Настанот, верувам, дека одел вака: Денот на преродбата, или денот на ВМРО, беше неработен. Петре Шилегов не го осетил тоа прибидејќи него секој ден му е неработен но, го заболело што ВМРО има што да слави, а неговите фарбари од Шарените и СДСМ никој не ги ферма, како да се семафор на пешачки во Чаир.

И, следи шилеговача. А после шилеговача, во 2 саат ноќе, Петре Ш, пушта пост по социјални мрежи дека СДСМ е уништена партија, дека е заробена од Заев и дека неговите наследници, оној залутан грев од Куманово со инспиративен прекар Диме Ќуран и сегашниов Супер Филипче се октроирани, наметнати од Зоран Заев.

За СДСМ, отсекогаш, кафана е парламент. Нивна куќа и Црква. Таму составуваат влади, се планираат интриги и местенки, таму се даваат налози за апсења и се делат функции и тендери. Во кафана. Не се сомневам ни минута дека оваа тешка мисла на Петре Шилегов за распаднатиот СДСМ е кафанска.

Мора да бил сам, напуштен и очаен што е дел од политичкото ѓубриште. А не е сам без причина. Си има правило: Никогаш не му приоѓај на бикот од напред, на коњот од позади а на идиотот – од ниедна страна. Идиотите, на крај, остануваат сами. Сфатил дека СДСМ е руина, политички отпад кој не може ни да се рециклира. Од лош материјал бил.

И некој неупатен човек би помислил дека Петре Шилегов никогаш не бил во СДСМ, дека жали за идеалите на својот политички избор. Дека бил посматрач.

Оооооо, не! Петре Шилегов е крупен виновник за распадот на СДСМ. Лапал заедно со Заев и Фамилијата, со Шекеринска, Филипче, Оливер Спасовски, Љупчо Николовски, Васко Ковачевски… со цела една сурија есдесеовци и уфрлени соросоиди во партијата кои се позлатија.

Главна причина заради која СДСМ е политички отпад е – корупција. Од неа, и за кеш, следуваат продажбата на уставното име наметнато со сила и притвори за пратеници, двојазичност на Македонија за ДУИ да им подари власт без победа на избори, брутална тортура врз обвинителство и судство за да им ги гони политичките противници а на нив да им биде заштита додека крадат… И да не редам до сабајле, Петре фарбаше државни институции со Шарените, кршеше и го памтиме дека во Собрание имаше кренато две раце за избор на власт без кворум за да изгледа дека има повеќе гласачи. Ете, он даде два гласа за сето тоа.

Како што одобруваше, ќутеше и поддржуваше кога после Преспанскиот договор Заев и Алексис Ципрас во Минхен примија награда “Фон Клајст“, демек заслужни лидери кои решавале меѓународни спорови, кога Зоран Заев ја шокираше јавноста со изјавата: „Искам да обявя, че споделям тази награда с моя добър приятел, премиера на България Бойко Борисов. Със споразумението, което ние постигнахме с България, стана възможен договора с Гърция”, рече Заев.

Петре Шилегов е соучесник на овие национални злодела со историска последица.

Петре Шилегов заборава дека бил градоначалник на Скопје, со годишен буџет од над 100 милиони евра, или близу пола милијарда евра за време на мандатот. Дека нема ни еден проект оставено зад себе од корист за скопјани, освен ако за проекти не ги смета тревникот на плоштад за кој потроши 500.000 евра, или 1.000 евра за квадрат гола трева, за сајт на градот плати 70.000 евра што е повеќе од десет пати над реалната цена, плати 280.000 евра за куќа за пингвини во Зоолошка градина, ги снема со децении старите камени блокови од калдрмите во парк за порталите да сликаат дека се во неговата нова вила во Маврово, за новогодишните елки и музичарите градот плаќаше по 150-200.000 евра! Плати 700.000 евра пред избори за “зелен покрив на Мавровка“, кој никогаш не го видовме. Дека како градоначалник склучил договор со својата адвокатска канцеларија за што реагираше и Антикорупциска, дека ВМРО го фати во дивоградба при надградба на неговата куќа во Карпош иако немал легална дозвола, како ни одговор дали градењето е од фирми кои добивале тендери од Градот Скопје и има ли докази дека им платил од своја сметка… А состојбата со Дрисла, еколошка бомба за Скопје оставена како негово наследство?!

Шилегов е човек кој ја продаде Градската куќа на Скопје, и 12 милиони евра – “испарија“.

Не, не. Петре Шилегов ни под шилеговача не може да ламентира над судбината на СДСМ. Може само да жали што два пати извиси за претседател на СДСМ затоа што Зоран Заев имал други математики бидејќи го го сметал за социјално запуштен и непредвидлив кога ќе влезе во својот кафански филм. Тао е тоа.

А многу сакаше да биде шеф на партијата. Сака и сега, ама нема веќе партија. Новата адреса на СДСМ попрво би била во Дрисла отколку на Бихаќка. Еве, Филипче нешто муља да составел тим за “новото“ СДСМ ама Петре го нема. Ја нема ни ондулираната Шеќеринска која влезе во политиката со Шкода Фелиција а излезе со куќа од два милиони евра карши парк и некои други скапи угостителски и станбени недвижности, за кешот не станува ни збор ни сомневање.

Ја нема Шеќеринска која гордо се сликаше со Фатмир Дехари, кој во валкани пантолани ја дочека министерката за одбрана и играше мајтап шетајќи ја пред знамиња на УЧК во државна институција, општина Кичево. Како стриптизета што ја донел во село за да издоминира пред другарите. А она не се опира, се смешка.

УЧК со неа добија нов член, Рада Ал Багдади. Па тоа е како Хашим Тачи да се поклони на гробот на Слободан Милошевиќ, или протераните Срби од Книн на гробот на Фрањо Туѓман, и малку повеќе од тоа.

Рада Шеќеринска која Боки ја снимал како седи кај на него заедно со Катица Јанева додека измеќарот на Боки му ја фарба косата. Приватна, интимна атмосфера помеѓу министерката, обвинителката и остало друштво.

Шилегов и Шеќеринска се истата пара од две страни. Девалвирана пара. Разликата е што Шилегов има амбиција за шеф на СДСМ, а Шеќеринска успеа да намлати многу повеќе пари. И двајцата тврдат, сељаците им ја уништија СДСМ.

А Филипче, несомнено пудлицата држена на кратко јаже од Зоран Заев, сега као формира свој тим. Тим за заштита на Фамилијата Заеви и себе лично. Во тимот, еве и вие да знаете, ги планира шефот на регулаторна за енергетика Марко Бислимовски, некој Бетијан Китев, Лолита Ристова, доскорешната директорка на фондацијата Сорос Фани Каранфиловска… а се врти околу списокот и Јани Макрадули… е такви опскурни ликови “ќе го спасуваат СДСМ“.

Накусо, Филиче решава и фактички да ја расформира партијата СДСМ и да ја предаде во владеење на соросоидите, дополнето со неколкумина безлични фаци за технички баланс.

Да ја водат тие што решија македонските деца да учат “мајчин“ јазик, а другите може да учат албански, турски, ромски… Што ни ги спремаат децата за јаничари во некоја од невладините на Сорос кои Заев заедно со ДУИ го донесоа на власт, и го наплатија здраво сето тоа преку Фондот за иновации или лично, како на пример министерката Мила Цароска која од власта си замина со нова викенд куќа од 300 квадрати и на нејзиниот партнер Петре Шилегов му плати 16.000 евра да го снима Скопје со дрон. Цароска која на состанок со синдикалците доаѓаше со шал Гучи до 300 евра а заедно со Шилегов, кој го водеше ЗЕЛС, координираа нов закон за образование без книги и со покровителство на Шилегов во Градовци организираа кампови за малолетни ученици на кои децата ги учеа како да мастрбираат.

Цароска, која се прослави и со забраната децата да учеле од книги. Што ќе им се, има партијата да ги научи се што треба. Затоа и се бореше да се укине употребата на “мајка“ и “татко“ и да се заменат со безличните бројки Родител 1 и Родител 2. Како секоја секта, прво на што удира е уништување на свеста на децата кон родителите, семејството, сопствениот пол и природа, традицијата, и национланта култура. Дете без сето тоа останува во лимбо состојба, лебди, дезориентирано и без свој и близок, без корен, спремно за перење мозок и владеење врз него.

Е, тоа е иднината и идеологијата на “обвновениот СДСМ“. Без никаква перспектива да стане политички фактор. Рецилиран политички отпад.

А Петре Шилегов плаче по “непрвадата“ тој да не биде шеф на ѓубриштето. Нема капацитет, дури ни за тоа. Кариерата во политика со години ја градеше како измеќар и ташнаревиќ на Владо Бучковски. Во адвокатурата помина незабележан, никој не го памти како адвокат. Како родител е лузер исто така, со таа пара што ја спакува синот му е бифеџија, што можеше и да се очекува кога сеиреше додека за потреби на Петре Шилегов детето праќаше компромитирачки пораки до синовите на нивните татковци кои СЈО ги гонеше, а Шилегов ги газеше. Он добро знае кога и како.

Сега бил сам. Напуштен. Суртук, што би рекле Скопјани.

Така оди тоа кога гневот и омразата ти се Библија: Прво го губиш четвртиот за покер, потоа третиот за преферанс, па вториот за домино и табла. Ти останува сам да го отвориш пасијансот и да видиш што ќе биде со тебе. Светлата на политиката ти се дефинитивно исклучени. Дојде крај на она што во претходните 7 години ги надмина сите димензии на здравиот разум и човечкото нормално однесување.

Д.П. Латас

(27.10.2024)

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.