Изјавите на Захариева против Македонија: Maкедонскиот јазик е западнобугарски дијалект, Македонизмот е креација на Србија и Русија

Екатерина Захариева, поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија е нов  комесар на ЕУ за  за истражување и иновации. За Македонија таа е интересна бидејќи беше на чело на бугарската дипломатија oд 2017 до 2021 година кога владата на СДСМ и ДУИ ги направи најголемите отстапки кон источниот сосед чии последици ги чувствуваме и денеска.

Захариева на чело на бугарското МНР имаше чести средби со Бујар Османи и Никола Димитров. На нив,49 годишната Екатерина директно ги навредуваше Македонија и Македонците на што двајцата нејзини колеги премолчуваа или реагираа „колку да се рече“.

Изјавите на Захариева против Македонија и Македонците

Македонскиот јазик е западнобугарски дијалект со србизми

На 16.1 2020 година Захариева и во  интервју за бугарската телевизија Канал 3, зборуваше за македонскиот јазик и историја.

Македонскиот јазик е напишан во 45-та година, на основа на западнобугарскиот дијалект. Смениле единствено некои… малку граматика, малку додале зборови од еден друг соседен јазик – истакна Захариева.

Македонизмот е креација на Србија и Русија

Македонизмот сам по себе е геополитичка идеја создадена од Белград и Москва. Враќањето на српскиот јазик значи дека сите партии во Македонија, без оглед на нивните политички разлики, се едногласни за ова прашање…, како и за темата за односите со Бугарија“, изјави Захариева за бугарската национална телевизија БТВ на 29 јануари 2021 година.

Треба ли да се напомене дека немаше никаква официјална реакција од тогашните официјални претставници на Македонија.

Во интервју за „Ројтерс“  на 31.1 2020 Захариева ги повика Македонците „да си ги препознаат корените“.

Нашата загриженост е поврзана со постојаните тврдења на Северна македонија кон македонско малцинство во нашата земја. Ако тие ги препознаат корените на нивната нација и јазик, ова ќе заврши-рече Захариева.

Захарова пред неколку недели се најде среде нов скандал.Овој пат темата не беше Македонија туку нејзината канидатура за еврокомесар.

Кај европратениците интерес привлекол фактот што таа нема објаснување за потеклото на парите со кои купила куќа во Софија и вила на Халкидики во Грција во периодот кога  беше министерка за надворешни работи.

Захариева се поврзуваше и  со неколку други афери, меѓу кои и таа од 2018 година за илегално издавање на бугарски државјанства за паричен надомест.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.