Другарите на Заев и Ковачевски освоија најмногу гласови на изборите, што ќе значи тоа за односите со Македонија?

Објавени се првите неофицијални резултати на парламентарни избори во Бугарија, седми за две години. Очекувано, победи партијата ГЕРБ на Бојко Борисов кој освои 26,42 отсто од гласовите.На второ место е „продолжуваме со промените“ на Кирил Петков со 14,31 процент.

Изненадувачки трета сила е проруската „Възраждане“ на ултранационалистот Волен Сидеров кој има отворени проруски ставови.

Што значат резултатите во Бугарија за односите со Македонија

Кој и да формира влада, Борисов или Петков не може да се очекува подобрување на односите со Македонија ако се знае нивното однесување во минатото.

Бојко Борисов со Зоран Заев го потпишаа Договорот за добрососедство со кој се прифати дека имаме заедничка историја.Овој договор кој требаше да биде за пријателство стана извор на сите проблеми меѓу двете земји.

Ништо подобар за Македонија не е ниту Кирил Петков. Тој иако наликуваше на модерен, европски политичар сепак имаше радикални ставови слични како Каракачанов. Тој ја посети Македонија кога премиер беше Димитар Ковачевски. Во време на нивното владеење дојде францускиот предлог со кој се бара да ги внесеме Бугарите во македонскиот Устав.

Изненадувачки некогаш најпопуларната партија во Бугарија „Има таков народ“ на тв водителот Слави Трифонов сега е трета одзади со само 6.8 отсто подршка.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.