Гори дел од туристичкиот комплекс „Манастир“ во Берово

Откако е забележан густ чад во туристичкиот комплекс, противпожарните екипи веднаш се упатиле на терен

Пожар вечерва зафати дел од туристичкиот комплекс Манастир во Берово. На терен се екипи на ТППЕ Берово кои веднаш по дојавата се упатиле во кругот на објектот каде е забележан густ чад.

Оттаму повеќе информации за обемот на пожарот и евентуалната причинета штета најавија во текот на вечерта.

Очевидци за МИА велат дека засега нема опасност од проширување на пожарот на околните објекти.

Дел од гостите во хотелот се евакуирани, за среќа нема повредени.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.