ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО ТЕТОВСКО СЛАТИНО: Мајка и нејзината 4-годишна ќерка пронајдени мртви, таткото и синот во тешка состојба

Трагедија во тетовското село Слатино. Пронајдени се мртви 38-годишна жена, и нејзината 4-годишна ќерка. Таткото e во тешка состојба, пренесува репортерот на ТВ21.

Трагедија во тетовското село Слатино. Пронајдени се мртви 38-годишна жена, и нејзината 4-годишна ќерка. Таткото e во тешка состојба, пренесува репортерот на ТВ21.

Според информациите, на нивните тела биле пронајдени траги од насилство.

Во врска со овој инцидент, се огласи и МВР.

МВР се огласи по повод ужасот во тетовско Слатино, каде попладнево беа пронајдени две безживотни тела на мајка и нејзината ќерка – бебе во семејниот дом.

-Денеска (08.10) околу 14:00 часот во СВР Тетово Т.Ј. од Теарце во својство на лекар пријавил дека бил повикан на интервенција во село Слатино од М.З. од Слатино, Тетово, кој без знаци на живот ги пронашол нејзината ќерка К.Ш (36) и нејзината внука доенче во нивниот семеен дом, каде што била констатирана смрт. Постапувајќи по пријавата, обезбедено е местото каде екипа од СВР Тетово во соработка со јавен обвинител извршила увид и по наредба на обвинител безживотните тела на починатата се предадени на обдукција, додека нејзиниот сопруг Р.Ш. (50) заедно со неговиот малолетен син, ќе бидат пренесени на лекарска помош во тетовската клиничка болница, а потоа лицето Р.Ш. ќе биде приведено во Полициска станица за понатамошно постапување, стои во соопштението на МВР.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.