Црвен тепих и почесна гарда наместо апсење на Путин во Монголија (ВИДЕО)

Наспроти повиците од украинскиот претседател Владимир Зеленски, од Европската унија, од „Хјуман рајтс воч“, како и спротивно на налогот за апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС) во март минатата година, рускиот претседател Владимир Путин вчера беше пречекан со црвен тепих и со почесна гарда на аеродромот во Улан Батор, каде што пристигна во дводневна посета на Монголија.

МКС лани издаде налог за апсење на Путин, обвинувајќи го за „незаконско депортирање на населението (деца)“ и за „незаконско префрлање на населението (децата) од окупираните области на Украина“ во Русија во услови на тековен конфликт меѓу Москва и Киев.

Монголија е потписник на Римскиот статуст врз кој базира Судот, но нејзините највисоки претставници тврдат дека не добиле барање од него за приведување на шефот на руската држава.

Путин пристигна во соседната азиска држава на покана на претседателот Ухнаа Хурелсух, за да присуствува на церемонијата за комеморација на битката кај Калхин Гол во 1939 година, во која советските и монголските сили ја поразија јапонската царска армија.

 

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.