Полиција упадна во скопска фирма, истрага за проневерени неколку милиони евра државни пари
Како што се најавуваше, се подигнува нивото на борбата против криминалот. Според извори на НетПрес денеска се врши претрес во позната скопска градежна компанија. Фокусот на овие полициски мерки била да се обезбеди документација од лажирани јавни тендери и лажни ИСО сертификати.
Претрес, како што дознаваме од извори блиски на истрагата, се врши на деловни простории на фирмата ВАТО ДОО од скопско Батинци, како и во домот на и други простории на лицето Сафет В. од Батинци. Со претресите се очекува да биде пронајдена документација во врска со учество на јавни набавки, лажни ИСО сертификати и сл. Се сомничи за стекнување на против правна имотна корист од 73 милиони денари, државни пари.
ИСО сертификатите претставуваат критериум за квалитет и безбедност во производството и услугите кои ги користат фирмите и граѓаните. Лажните ИСО сертификати не само што ја злоупотребуваат довербата на потрошувачите, туку, исто така, ги доведува во безбедносен ризик и опасност. Градежната фирма се сомничи за противправна имотна корист од неколку милиони евра.
Дали со ова веќе се праќа порака дека фокусот во борбата против криминалот ќе биде проширен на повеќе фронтови. Според нашите извори, јавните набавки ќе бидат една од најголемите битки кои ќе ги водат истражните органи, на тој начин гарантирајќи го транспаретното и одговорното трошење на народните пари.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.