„Поданичкиот однос со распродавањето на државните интереси за СДСМ БЕШЕ ПОД РАКА СО КОРУПЦИЈАТА“
СДС повторно го има лапнато апчето за заборавање на сопственото минато со кое самите себе си се обидуваат да заборават кои биле, што правеле и се замислуваат дека се нешто кое не се. За нивна жал тоа апче ако делува кај малкумината од нивното раководство, сепак не делува кај никој друг и затоа овие прес-конференции кои ги смислуваат во недостаток на компас и колку нешто да се каже демек жива е партијата, делуваат тотално одлепено. СДС е на ЛСД, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, по нападите од СДСМ
Накусо можеме да кажеме и додека трипува така, ние би ги потсетиле што тие направија заедно со нивните другарчиња Бујар и Артан од националните интереси на државата.
Со Преспанскиот договор го срозија македонскиот идентитет, а со Договорот за добрососедство со Бугарија самите ја доведоа државата во подредена состојба што е рамно ма велепредавство, дозволувајќи и согласувајќи се дека мора да го промениме повторно, односно да го преформулираме сопствениот идентитет и сите негови одредници. СДС беше срам за државата и со своите меѓународни гафови и недостоинствено претставување ја доведе државата на ниво на кое и се смееја каде ќе стигнат и кој ќе стигне.
Поданичкиот однос со распродавањето на државните интереси за СДС беше рака под рака со корупцијата која мислеа дека странците ќе им ја толерираат и ќе ги држат на власт се додека тие се продаваат како да се на улицата на црвените фенери во Амстердам.
Сепак народот е свесен и знае и ние ќе се бориме за нашите интереси заедно со народот и убедени сме Македонија ќе победи, Македонија ќе успее, стои во соопштението.
Владата на Мицкоски и Сиљановска не се ни свесни за тоа во која мера се изиграни и понижени. Нив воопшто и не ги третираат како државници. Самата Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ се согласиле однапред на приватен и понижувачки третман во Софија. Импровизација и наивност е надворешната политика на ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска. Со вакви политики, Македонија ниту е горда, Гордана уште помалку е горда, а граѓаните и државата ќе трпат понижувања секој ден, рече денеска портпаролката на СДСМ, Кузеска.