На родителите на 13-годишникот од Нишка Бања кој со 37 убоди уби другар им се заканува затвор од 12 години

На М.М.М.(43) и нејзиниот сопруг М.М.(43) од Нишка Бања, родители на 13-годишникот кој на 5 октомври минатата година го масакрираше неговиот соученик Андреј Симиќ, им се заканува затворска казна до 12 години откако обвинителството го промени кривичното дело за кое што се осомничени од „злоставување и занемарување на дете“, за кое максималната казна е три години затвор, во „тешко дело против општата сигурност во соизвршителство“.

Андреј Симиќ беше убиен со 37 убоди во семејната куќа на неговиот школски другар, а мотивот за ова злосторство сè уште е мистерија. Со оглед на тоа дека убиецот во моментот на делото имал само 13 години и е кривично неодговорен, Вишото јавно обвинителство по извршеното кривично дело се прогласи за ненадлежно и предметот го префрли на Основното јавно обвинителство. Родителите беа осомничени за малтретирање и занемарување на детето бидејќи според тврдењата на родителите на убиеното момче и на други бројни сведоци, тие не презеле ништо иако знаеле дека нивниот син секогаш со себе носи ранец полн со ножеви.

Илустрирајќи го тврдењето дека тие се одговорни за постапките на нивниот син кои кулминираа со убиството, адвокатите на семејството Симиќ до обвинителството доставија фотографии од ФБ профилот на мајката на момчето на кои таа држи пиштол додека на друга слика момчето убиец со голем нож „коле“ плишано мече.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.